Skip Navigation Links > За нас
     
     
     
     
     
     

ЗА НАС

Mазо-Хем Дооел увоз-извоз е компанија ориентирана на домашниот пазар во професионално снабдување на големо и мало со:Сите видови и стандарди на челични јажиња(сајли) и аксесоари за нив (куки,стеги,затеги,малотни,заштитници(срца),алки),сите видови на ланци и полиестерски ремени.

Мазо-Хем Дооел е динамична компанија подготвена сеkогаш да одговара на барањата на своите клиенти купувачи со брзи, навремени, точни и ефикасни услуги.Oстава впечаток на задоволство, доверба и сигурност за понатамошна соработка 

ВИЗИЈА

Нашата визија е јасна: Ние ќе бидеме главни актери во областа на развојот на пазарот и продажбата на опрема за дигање во Република Македонија. Свесни сме дека во услови, кои ги диктира глобалната економија можеме да учествуваме само ако тие услови ги вградиме во сопствената визија и работење. Карактеристики на нашите продукти се: Квалитет, Сигурност, Долготрајност.

МИСИЈА

Нашата мисија е да предлагаме висококвалитетни продукти и услуги на конкурентни цени.

ТРГОВСКА ПОЛИТИКА

Трговската политика на компанијата се состои во понудата на конкурентноспособни производи во согласност со стандардите и Европски норми и одговара на нивните барања и очекувања.
Во рамките на својата широка номенклатура челични јажиња нашата компанија Мазо-Хем Дооел работи во тесна соработка со водечки производители од Италија,Германија и Бугарија. Во Македонија наши клиенти се повеќе од 100 приватни и државни претпријатија од енергетиката,рударството ,железничката, хемиската,дрвната,прехрамбената индустрија, металургијата, градежништво и др.

Нудиме челични поцинкувани,црно-замастени и пластифицирани јажиња во различни стандарди,димензии и форма на извртување.

КОНКУРЕНТНОСТ

Секој клиент е важен за нас, затоа нашата компанија е максимално флексибилна за различни потреби и барања на нашите  партнери

КОРЕКТНОСТ

Ако сте наш клиент, веќе сте се увериле дека нема ситуација за која не можеме да понудиме задоволувачко решение.Да работиш со докажан низ годините апсолутно сигурен партнер е привилегија, нели? Спокојството,коректноста, и прецизноста се додадена вредност во нашите услуги!